![]() |
![]() |
|
ВЕТ Програма Како дел од Бизнис Екосистем Проектот на УСАИД, една од клучните одговорности на Македонското Здружение на Лифтови е развој и имплементирање на ВЕТ програмата. Оваа програма се однесува на квалификација и реквалификација на возрасните кадри во лифтовската индустрија. МЗЛ во оваа насока, се бори за интеграција и активно учество на постојните баратели на работа во индустријата за лифтови, како и доедукација на постојните вработени во оваа индустрија. ВЕТ програмата е создадена од професионалците на МЗЛ, како и надворешни експерти со широко познавање и искуство во оваа област, кои се фокусирани на споделување на најдобрите технички практики околу монтажа и одржување на лифтовите. По завршувањето на оваа обука, секој учесник се стекнува со сертификат за квалификација, кој ќе му обезбеди вработување во лифтовската индустрија. |
Маркици за Квалитет или QMA (Quality Mark Award) Како дел од Бизнис Екосистем Проектот на УСАИД, Македонското Здружение за Лифтови води грижа за компетентноста и кредибилитетот на сопствените членки, преку развој на ознаките за квалитет. Овие ознаки се меѓународно признати и претставуваат синоним за високи технички и етички стандарди. Задачата на МЗЛ се однесува на следните области: |
МЗЛ, Прва регионална конференција за лифтови и ескалатори, Охрид, 10.06.2019 линк: www.seelift.net |
ПРОЕКТ: Жените во индустријата за лифтови МЗЛ покренува иницијатива за оформување на група во рамките на здружението која ќе промовира и иницира вклучување на жените во лифтовскиот сектор. Ќе се работи во насока на рушење на стереотипите дека лифтовската индустријата е типично и исклучиво машка дејност и преку разни примери и објаснување на професиите застапени во овој сектор ќе се обидеме да им ги доближиме истите, да ги предочиме предностите и можностите кои се нудат со работа во оваа дејност и со тоа да разбудиме желба кај дел од жените да се вклучат во лифтовскиот сектор. На следните линкови може да се погледнат здруженијата на жени во лифтовски сектор од Турција и од Германија, кои успешно функционираат веќе подолго време и коишто можат да се земат како позитивен пример и основа за размислување за секоја жена да направи чекор, да се квалификува за ваков тип професија и да обезбеди егзистенција како вработена во овој сектор. Турската асоцијација на жени во лифтовската индустрија |
|