Се одржа Првиот меѓународен симпозиум за лифтови и ескалатори,
10-12.06.2019

Poster

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА СИМПЗИУМ, 10-12.06.2019

Чест ни е да ве поканиме на првиот меѓународен симпозиум за лифтови и ескалатори што ќе се одржи од 10-ти до 12-ти јуни во хотелот Метропол во Охрид. Организатор на овој симпозиум е МЗЛ – Македонското здружение за лифтови заедно со коорганизаторите ХУДИЗ – Хрватското здружение за лифтови, БАА – Бугарското здружение за лифтови и Здружението за безбедност и здравје при работа 28-ми април од Скопје.

Минатата година МЗЛ, БАА И ХУДИЗ потпишаа меморандум за соработка при што беше основана неформалната мрежа за соработка со назив SEELIFT Network (South-East Europe Lift Network) како јадро околу кое би се приклучиле и други здруженија, компании или невладини организации од регионот на југоисточна Европа и преку којашто би се разменувале информации од областа на лифтовите и ескалаторите. Како резултат на оваа соработка, а по иницијатива на МЗЛ, потекна идејата за организирање на еден симпозиум на којшто би се сретнале и претставиле професионалците од регионот и на којшто би ги размениле своите искуства, проблеми, достигнувања, производи и знаење.

Види покана!

Види програма!

Poster

Скопје (МЗЛ - Кампања за подигање на свеста), 01.03.2019

Со активната партиципација во Бизнис Екосистем Проектот на УСАИД, Македонското Здружение за Лифтови превзема голема одговорност во насока на подигање на свеста за употребата, безбедноста и значајноста на самите лифтови во секојдневниот живот.

Со помош на своите консултанти, МЗЛ континуирано се заложува за подигање на јавната свест и зголемување на безбедноста при употребата на лифтот.

Утврдено е дека во нашата држава активни се околу 10.000 лифтови во станбените и деловните објекти, а само 33% односно 3.300 од нив се подложни на редовна инспекција.

Преку својата кампања за подигање на свеста, крајната цел на Македонското Здружение за Лифтови претставува зголемување на бројот на лифтови врз кои ќе се врши редовна инспекција, од 33% на 75% од лифтовите во СРМ. Со ова, МЗЛ ја зацврстува својата улога во подигање на свеста и унапредување на безбедноста при користење на лифтовите од страна на граѓаните.

Скопје (ТЦЦ Гранд Плаза), 15.02.2019

Тимот на МЗЛ, претседателот Горан Сековски и проект-менаџерот Андреј Ал-Асади учествуваа на настанот кој во ко-организација со Министерството за Економија на СРМ, се одржа во ТЦЦ Гранд Плаза. На оваа конференција се презентираа објавените јавни повици и економски мерки предвидени за реализација во текот на 2019 година.

Дел од економските мерки кои што беа презентирани на оваа конференција беа:

  • Јавен повик за кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството во СРМ;
  • Јавен повик за кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото во СРМ;
  • Јавен повик за директно субвенционирање на мали, средни, микро претпријатија и занаетчии;
  • Јавен повик за развој и поддршка на кластерското здружување во СРМ итн.;
  • Сите членки на МЗЛ беа поканети, со цел нивно подобро информирање како полесно да стигнат до средства и да ги искористат можностите за понатамошен раст и развој на сопствениот бизнис.

    Скопје (ТЦЦ Гранд Плаза), 12.02.2019

    Андреј Ал-Асади, асистент проект менаџер и член на тимот на МЗЛ, зеде учество во обуката за проект менаџери организирана и одржана во рамките на Бизнис Екосистем Проектот на УСАИД. На оваа обука учествуваа сите проект менаџери што ги претставуваат компаниите и институциите кои се опфатени со овој проект.

    Скопје (Александар Палас), 06.02.2019

    Во Александар Палас, одржан е третиот од серијата 3 семинари планирани за периодот септември 2018 – јуни 2019 година, на тема: „Определување на градежни мерки за лифтовите во објектите“.

    Овој семинар беше во организација на НОВАКО член на МЗЛ и претставник на меѓународната корпорација Thyssenkrup Elevator, една од водечките компании во индустријата, препознатлива по својата иновативност, креативност и know-how. МЗЛ заедно со своите членки зеде активна улога како ко-организатор на овој настан, каде што учествуваа 27 претставници од домашните компании (градежни проектанти).

    Скопје Обука 26.01.2019

    Тимот на МЗЛ, претседателот Горан Сековски и потпретседателот Виктор Гаврилоски учествуваа на вториот семинар од серијата 3 семинари планирани за периодот септември 2018 – јуни 2019 година, на тема: „Постапка за оценка на сообразност за електрични лифтови“. На семинарот беа присутни вработени во инспекциските тела и останати субјекти.

    Целта на овој семинар/работилница беше запознавање на учесниците со новините и промените во постапките за оцена на сообразност на електрични лифтови според препораките на координативното тело за нотификациони тела на ЕУ, како и унапредување на нивната целокупна стручност.

    Велес (Хотел Гардениа), 23-25.01.2019

    Тимот на МЗЛ учествуваше на семинарот Organizational Management Training, во организација на УСАИД. Работните цели беа во насока на подобрување на функционирањето на организациите кои се бават со поддршка на микро, малите и средни претпријатија.

    Семинарот се однесуваше на менаџмент моделите и процесите, финансискиот и административниот менаџмент, системот на човечки ресурси, тим-билдингот итн. Презентации одржаа претставници Palladium International и SDC, кои се во постојан контакт и размена на знаење со грантистите. На семинарот учествуваа МЗЛ, Комората на занаетчии, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и други.

    Членство во ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЛИФТОВИ (ELA), 01.01.2019

    Од 1 јануари 2019-та година, Македонското Здружение за Лифтови претставува активен член на Европската Асоцијација за Лифтови (ELA), чиј фокус е развивање на формална бизнис мрежа преку која ќе се разменуваат информации, искуства и знаења помеѓу компаниите кои работат во оваа индустрија.

    Основната цел на оваа асоцијација, со седиште во Брисел, е да се подобри бизнис климата во индустријата на лифтови, квалитетот кој го нудат компаниите, учеството во дијалози, развој на одржлива комуникациска мрежа помеѓу нејзините членки, утврдување на потребите и интересите на членките, со цел нивно поефикасно и поефективно остварување. Во неа членуваат голем број на здруженија од целата територија на Европа, кои периодично се состануваат, стремејќи се да ја остварат основната цел на ELA. (Лого на ЕЛА)

    Скопје (Континентал), 29.11.2018

    МЗЛ учествуваше на Тренингот за Лобинг и Застапување, во организација на УСАИД, во Хотел Континентал. Целите на овој тренинг беа да се зголеми капацитетот за ефективно и ефикасно лобирање и застапување од страна на организациите како МЗЛ (здруженијата и коморите чија основна услуга која ја нудат е поддршка на микро, малите и средните претпријатија. МЗЛ, како здружение кое ги застапува компаниите од лифтовската индустрија, учествуваше на тренингот, фокусирајќи се на тоа како да ги подобри своите перформанси во однос на застапувањето на сегашните и идните членки. На Тренингот за Лобинг и Застапување учествуваа и останатите грантисти во рамките на Бизнис Екосистем Проектот на УСАИД, каде што можеше да се разговара и размени знаење околу најдобрите практики во однос на застапувањето и лобирањето. (Слики од Континентал)

    Истанбул, 15-16.11.2018

    Претседателот на Македонското Здружение за Лифтови, Горан Сековски учествуваше на Меѓународниот Симпозиум за Лифтови и Ескалатори (IEES), организиран од страна на Liftinstituut Solutions B.V. и Elevator World Inc., добро познати институции со врвно искуство во индустријата за лифтови. Програмата на симпозиум, која ја презентираа дваесет меѓународни експерти, се однесуваше на Безбедноста во Вертикалниот Транспорт и Новите Технологии.

    Скопје (Камник), 02.11.2018 година

    Претседателот на здружението Горан Сековски и проект-менаџерот Наташа Тунески, учествуваа на обуката за бизнис планирање организирана и одржана во рамките на Бизнис Екосистем проектот на УСАИД. Целта на оваа обука која е дел од континуираната консултантска подршка, е да се подржат напорите на МЗЛ да развие стратегии за сопствено проширување и да ја зголеми понудата на услуги за своите сегашни и идни членки преку изработка на бизнис план со јасна стратегија за раст, план за развој на услуги, внатрешно градење на капацитети и планирање на долгорочна држливост.

    Скопје (МЗЛ – ИЗИИС), 26.10.2018 година

    Одржан е првиот од серијата 3 семинари планирани за периодот септември 2018. - јуни 2019. на тема „Монтажа и одржување на лифтови - Неколку безбедносни аспекти“. Семинарите се дел од активностите поддржани од BEP (Business Ecosystem Project) проектот на USAID. Овој семинар беше планиран во овој термин и како наш мал придонес кон одбележувањето на Европската недела за БЗР која во РМ се одбележува преку активностите спроведувани од Здруженијата за БЗР (МЗЗПР, Тутела и ЗБР 27-ми април). На семинарот присуствуваа вкупно 24 учесници претставувајќи ги: Министерството за економија и Институтот за стандардизација, Машинскиот факултет во Скопје, 4 Инспекциски тела и 8 Фирми кои се бават со монтажа и одржување на лифтови.

    Софија, 13.10.2018 година

    Потпишана Спогодба за соработка помеѓу националните здруженија за лифтови на Македонија (МЗЛ/MLA), Бугарија (БАА/BLA) и Хрватска (HUDIZ). Спогодбата ја потпишаа претседателите на здруженијата: Горан Сековски за МЗЛ, Валентин Маринков за БАА и Ивица Белиќ за ХУДИЗ. На оваа средба, покрај претседателите на здруженијата, делегациите беа претставувани за МЗЛ од Зоран Максимовски и Зоран Станојчиќ, за БАА од Николај Маринков и за Хрватска од Ален Вукшиќ, Тихомир Наѓ, Габријел Врбан и Здравко Чизмар.

    После разговорите за меѓусебната соработка и за недостатокот на квалификувана работна сила, од страна на хрватската делегација беше претставен Проектот за вградување на лифтови во повеќекатни згради преку неповратно користење на 80% или 85% средства од ЕУ фондовите до кои ХУДИЗ и Здружението на поштенските пензионери на Хрватска успеаа да ги обезбедат. Искажана е желба на сите страни за понатамошна соработка, но и повик за соработка до останатите земји во соседството (регионот на југоисточна Европа).

    Формирана е работна група,составена од Горан Сековски, Николај Маринков и Здравко Чизмар, за припрема на прва регионална конференција за лифтови, која би се одржала кон крајот на мај или почетокот на јуни следната година во Охрид.

    Скопје (Хотел КОНТИНЕНТАЛ), 03.10.2018 г.

    Присуство на Претседателот на здружението Горан Сековски и на проект-менаџерот Наташа Тунески на одржаната обука за комуникации и односи со јавност, одржана во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем во Македонија.

    Струга (Хотел ИЗГРЕВ), 30-31.09.2018 г.

    МЗЛ преку своите претставници, Претседателот Горан Сековски и проект-менаџерот Наташа Тунески, зема учество на семинарот во Струга организиран и одржан во рамките на Бизнис Екосистем Проектот на УСАИД.

    Скопје (Кафе бар CASA), 11.09.2018 г.

    МЗЛ одржа состанок, на кој беа присутни претставници членките на асоцијацијата. На состанокот, покрај останатите точки на дневниот ред, главен акцент беше ставен на информирањето на членките околу добиениот грант од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем во Македонија, како и за ефектите кои спроведувањето на активностите предвидени со проектот треба да ги има врз унапредување, подобрување и олеснување на условите за работа на членките на здружението, како и подобрувањето на функционирање на самото здружение.

    Скопје (Ресторан ВОДЕНИЦА), 07.09.2018 г.

    Беше одржана церемонија за свечено доделување на грантовите од Бизнис Екосистем Проектот на УСАИД. МЗЛ како еден од осумте грантисти, беше присутна и претставувана од Претседателот Горан Сековски, кој во име на Асоцијацијата ја прими и плакетата кој му ја додели Директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалез. Главната цел на Проектот е да се зајакне македонскиот деловен екосистем со комерцијално одржливи деловни услуги кои ќе ги задоволат потребите на пазарот и ќе ја помогнат земјата на патот кон економска самоодржливост.

    Загреб (Стопанска комора на град Загреб), 23.04.2018

    Одржан е состанок со претставниците на Хрватското здружение за лифтови (HUDIZ – Hrvatska Udruga za Dizala), секретарот на здружението Здравко Чизмар и со претставникот на компанијата М. Ф. Цертус од Загреб, членка на ХУДИЗ, Златко Мравлинчич. Претставник на МЗЛ беше претседателот Горан Сековски.
    Разговарано е за можната соработка на двете здружение и за соработка со другите здруженија во регионот, како и за одржување на една меѓународна конференција на тема лифтови.

     

    Скопје (ИТИ-ИЗИИС), 28.11.2017

    Еднодневен семинар на тема: Главните промени воведени со стандардот МКС EN 81-20:2014
    Учество: 32 учесници

     

    Охрид, (х. Бетон) 06.05.2017

    Од страна на Здружението за безбедност при работа 28-МИ АПРИЛ од Скопје доделена му е плаката на МЗЛ за посебен придонес во областа на безбедност и здравје при работа.

    Скопје (ГМЦ), 6.04.2017

    Состанок на иницијатива на МЗЛ на работната група за лифтови во рамките на техничкиот комитет на инспекциски тела на ИАРМ.
    На состанокот учествуваа претставници од: Институтот за акредитација на РМ, Министерството за економија – Сектор Внатрешен пазар, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Пазарна инспекција, Македонското здружение за лифтови, Стопанската комора – Групација за лифтови и Инспекциските тела.

     

    Скопје (ИТИ-ИЗИИС) 16.02.2017

    Работен состанок на членките на МЗЛ и останатите заинтересирани.
    Модератори: д-р Виктор Гаврилоски и Горан Сековски
    Документи кои ги пратат сигурносните делови (сертификати и изјави за сообразност) и неопходни документи за спроведување на оцена на сообразност.
    Учесници: 21

    Скопје (ИТИ-ИЗИИС), 22.12.2016

    Заедничка обука организирана со Здружението за безбедност при работа 28-ми април од Скопје
    Тема: Превентивни активности за безбедност на вработените при монтажа, одржување и експлоатација на лифтови и дигалки
    Учесници: 45

    Скопје (ИТИ-ИЗИИС), 21.10.2016

    Работен состанок: Претставување на програмата за 2015 г. и други актуелности.
    Учесници: 20

    Охрид (Х. Метропол), 29 – 31 октомври 2015

    Коорганизатор на
    МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА –
    БОН – ТОН во безбедноста и здравјето при работа

    Покрај заедничката програма, МЗЛ организираше паралелна сесија на 30 октомври на тема: Примена на прописите и стандардите за безбедност при конструирање, монтажа, сервис и користење на лифтовите.
    Учество на конференцијата: Околу 300 учесници
    Учество на сесијата: 36

    Повеќе...

    На ден 09.01.2015 се донесе Акт за основање на Македонското Здружение за лифтови.

    Актот за основање го потпишаа 7 основачи.

    Дизајн: ТРЕНЧ доо Скопје